Пабовите и фудбалот се рецептот за вечно пријателство на мажите

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Научниците од Универзитетот Оксфорд одлучиле да проверат зошто некои пријателства имаат поголема трајност од други и имаат направено радикално различни откритија за мажите и жените. Според нив, за мажите клучот за вечно пријателство се крие во извршувањето на заедничка активност – на пример одење на фудбалски натпревар во машко друштво или во барот за пијалак со “бандата”.

Жените … е, тие се сосема поинаква приказна. Според истражувањето телефонските разговори и воопшто долгите разговори се она што ги сплотува пак нивните пријателства.

“Зборувањето сепак нема апсолутно никаков ефект во машките односи”, истакнува иницијаторот на истражувањето, кој е и професор по еволутивна биологија, Робин Данбар.