
Алијансата на Албанците му достави на СДСМ нов предлог закон за употреба на јазиците, информира Телма. Што тој содржи не откриваат. Законот според претставниците од Алијансата е во рамките на Уставот и не отстапува од Рамковниот договор. Потписите за мандат не ги условуваат со носењето на Законот. На средбата работните групи разговарале и за други теми. Постои оптимизам дека наскоро ќе се обезбеди парламентарно мнозинство и ќе се формира Влада.
Спасовски информираше дека СДСМ води интензивни разговори и со ДУИ во насока на усогласување на ставовите. Потесното раководство на ДУИ вчера во Мала Речица ги разгледуваше забелешките испратени од СДСМ на нацрт Законот за употреба на јазиците. Партиски извори велат дека голем дел од разликите се надминати и се очекува во текот на неделава да заврши целиот преговарачки процес./Телма