Не грижете се за Грција!

од Vladimir Zorba
89 прегледи

За да ја  спасат од банкрот грчка држава, тука Европејците – заедно со ММФ и приватните кредитори – дале повеќе од 300 милијарди евра. Па тешко е дека  ќе остават Грција да падне.

Symbolbild Griechenland EU Verhandlungen Schuldenkrise Fahne Flagge (Reuters / Y. Behrakis)

Завесата се крева, претставата може да почне: по Брекзит, Трамп и СЕТА во програмата доаѓа друг вистински хит на европската сцена – “Спасувањето на Грција”. Ако оваа грчка трагедија беше мјузикл, таа најверојатно ќе засени многу успеси како “Кралот Лав”, “Мачка” или “Старлајт Експрес”.

Успехот на оваа претстава е програмиран: повторно се приближува  датумот за плаќање, повторно Атина е назад со графика и повторно имаме блокирани преговори – поради неисполнета реформи.

Ципрас има корист од пазарења

Вестите за евентуален Грексит се добредојдени за Алексис Ципрас. Тој може да  искористи од нив за време на преговорите. Само дека во последните седум години, ако не друго, тогаш ние барем научивме тоа дека со Грција може и да станува извесно, но сепак некако бива спасена. Грците едноставно секогаш имаат потреба од “уште малку време”, како во понеделникот германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле пред да го сврти едрото во насока на ветерот. А и никој не верува сериозно дека по извршените болни намалувања на пензиите и платите, на финалната права пред доделување на новиот транша грчката влада ќе тргне наназад.

Истото важи впрочем и за Европејците: за да ја спасат од банкрот  грчка држава, тука тие налепија  – заедно со ММФ и приватните кредитори – повеќе од 300 милијарди евра. Сигурно сега тие нема да се откажат само затоа што Атина сака да го одолжи малку преговорите – пример за либерализацијата на грчкиот пазар на труд. Особено пак кога приврзаниците на Брекзит и американскиот претседател Доналд Трамп само тоа иго  чекаат – да удрат уште еден клин во европското единство.

Во оваа година ќе се одржат избори во Холандија, Франција и Германија. И токму поради тоа, дебатата за Грекзит треба да биде чорба уште во повој. Дискусијата за можно делумно простување на грчкиот долг, пак, би налеало вода во воденицата на евроскептиците и противниците на еврото. Затоа и не беше големо изненадување дека вчера германскиот министер за финансии ја  покажа оптимистичката страна. Според него, наскоро во Атина повторно ќе пристигне бриселска делегација. Покрај тоа Шојбле искрено се надева дека ММФ повторно ќе се вклучи во мерките за спасување на Грција.

Пред постигнување на договор?

Ако и по ова прашање Шојбле се покаже во право, тогаш кредиторите на Грција очигледно се на пат да го решат спорот во врска со евентуалното ублажување на грчкото должничко бреме. Во таа смисла утрешната средба во Берлин на директорката на ММФ Кристин Лагард и германската канцеларка Ангела Меркел доаѓа токму навреме. Ако тие се согласат, тогаш темата Грекзит конечно ќе биде симната од дневниот ред на Европа – барем во 2017 година. Но да не заборавиме дека мјузиклот “Мачките” се игра на Бродвеј веќе цели 18 години./ДВ