
Иако, Македонија гласаше за прием на Косово во УНСЕКО, српскиот претседател во заминување, Томислав Николиќ во интервју то дадено 0за РТС смета дека политиката на Белград кон признавањето на уставното име суверениетот и територијалниот интегритет на земјава не смее да се промени,
,,Македонија се замери со нас. Но, ние имаме добри односи со нив. Ние мораме да ја зачуваме Македонија. Нам ни треба Македонија. Тие се во голем хаос. Толку ми е жал, незнам воопшто дали некогаш ќе формираат влада. Отстранети ли се таблите од граничните премини?
Николиќ во интервјуто вели дека тоа било една од причините зошто во Брисел, во пријателски разговор се скарале со македонскиот претседател Иванов, кој го прашал зошто била поставена табла на која пишува Бивша Југословенска Република Македонија, кога нашата земја била призната под уставното име.о Македонија.
Српскиот претседател му одговорил на Иванов дека, Грците го граделе патот и за отворањето тие ја поставиле таблата,„ со желба луѓето кои патуваат од ЕУ да знаат каде доаѓаат. Бидејќи ако напишете Македонија, луѓето од ЕУ не знаат каде дошле. Таа држава не постои во ЕУ. Значи напишале така како што ви се обраќа целата ЕУ и сите други, освен Србија. И зошто тоа сега Вам ви пречи. Нормално, тој после збудале’„ изјави Николиќ.
Тој смета смета дека Србија не треба да презема контрапотези кон Македонија, односно Белград не им „им се одмаздува на малитеземји’.
Според Николиќ, претседател Иванов прилично лошо му се правдал за одлуката на македонскиот амбасадор во УНЕСКО, кој бил Албанец и гласал спротивно од неговата директива.