Рики Мартин призна дека има “луд” фетиш кон убави стапала, што понекогаш е пречка во љубовниот живот.
Изведувачот на хитот “Livin ‘La Vida Loca” вели дека се загледува кон нозете на секој свој потенцијален партнер и ако тој нема “убави стопала”, работите завршуваат моментално.
Рики изјави: “Јас имам чуден фетиш кон убави нозе. Всушност, тоа е лошо. Велам: “Здраво, пријатно ми е што се запознавме” и погледнувам надолу кон нозете на човекот. Грдите стопала ме одвраќаат. ”
45-годишниот Мартин, кој е среќно свршен за уметникот Јован Јосиф, изјави во ток шоуто “Хари”, дека е навистина среќен со неговиот иден сопруг.
Рики дури изјави дека сака да има ќерка со Јосиф, бидејќи веќе има 8-годишни синови-близнаци Матео и Валентино, родени од сурогат мајка.
Тој сподели: “Сакам да имам девојче наскоро.”
Рики откри дека со најблиските подготвуваат навистина голема свадба, која ќе го спои бурниот темперамент на луѓето од Блискиот Исток и оние на Латинска Америка.