(ВИДЕО) Откриeна најголема масовна гробница на “Исламска држава”, во него има илјадници тела

од desk2
89 прегледи

Огромната јама се наоѓа на патот меѓу Багдад и Мосул. Таа е длабока 400 метри и во неа има над 4.000 тела. Оваа огромна јама е најголемата масовна гробница во Ирак. Јамата Кхасфа е полна со осакатени тела на непријателите на “Исламска држава” од 2014 година, кога џихадисти го зазедоа Мосул.
Сега таа има толку злобна слава така што локалното население треперит само што ќе го слушне нејзиното име. Тие со ужас на лице секогаш раскажуваат за злосторствата што се случувале се покрај неа.

“ИД ги носела жртвите во Кхасфа со конвој од минибуси, камиони и пикапи. Потоа рацете им биле врзани, ставани завои на очите. Потоа биле носени до работ на јамата и биле застрелани во грбот”, раскажува еден локален жител заThe ​​Telegraph.

Локалните раскажуваат уште како виделе како цели каросерии со оковани Јазиди биле фрлани живи во длабоката дупка и закопани, и како во еден ден исламистите убиле околу 2.000 полицајци.