
Специјалното јавно обвинителство отвори нов случај под името „Труст“, во кој осомничени се пет физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на формите „Силекс“ и „Трансмет“, „Вато“ ДООЕЛ Студеничани Скопје.
„ Во предметот станува збор за добивање тендери и за тоа како еден конзорициум со фалсификувани документи успеал да добие тендер и заработил 1 милијарда и 60 милиони денари“ – рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Предметот е оформен од разговори снимени во 2011 година.
Првоосомничен е управител на Трансмет, второосомничен е управител на Силекс неметали СТ од Кратово, а третоосомничен е управител на Вато Доо Студеничани Скопје.
Тие се сомничат за злоупотреба на јавен повик, а за нив денеска ќе биде побарана мерка притвор.