(ВИДЕО) Најмалку 20 повредени по експлозија во фабриката за оружје во Крагујевац, се стравува дека има мртви

од desk2
77 прегледи

Во техничко-ремонтниот завод во Крагујевац, денеска околу 13,15 часот експлодира магацинот А28 каде имало голема количина на тромблонски мини и други видови муниција. Додека траело гасењето на пожарот по првата експлозија, се случила уште една експлозија каде биле повредени четири лица, но подоцна пристигна веста за 20 повредени и стравувања дека има мртви лица.

Како што дознаваат српските медиуми, кровот на магацинот се срушил од високата температура за време на гасењето на пожарот, постои можноста под рушевините да има уште затрупани луѓе. Повредените се префрлени во болница.