Лејди Гага ја менува Бијонсе на Coachella. Лејди Гага ќе биде новиот хедлајнер на популарниот музички фестивал Coachella овој април.
Ѕвездата го менува на местото на Бијонсе, која поради напредната бременост нема да може да ги израдува своите фанови со изведба во живо.
Гласините дека Гага ќе биде новата ѕвезда на фестивалот се засилија откако фановите ја поставија на прво место на листата на “Билборд” со изведувачи од соништата.
Веста беше потврдена од самата пејачка на страницата на нејзиниот Твитер. Таму таа сподели фотографија на новата програма на фестивалот со наслов “Да се забавуваме во пустината”.
Пејачката ќе излезе на сцената на 15 и 22 април, придружувана од други познати музичари како Бон Ајвер, Фјучер, Мартин Гарикс. Таа ќе биде и првата дама хедлајнер на настанот од 2007 година, кога на нејзино место беше Бјорк.
Coachella се одржува во рок од две последователни недели со идентична програма. Настанот се одржува во пустината на Јужна Калифорнија и оваа година очекува над 200 000 луѓе.