Кејти Пери и Орландо Блум се разделија

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Ѕвездената двојка Кејти Пери и Орландо Блум веќе не е заедно. Пејачката и актерот започнаа врска по минатогодишните награди “Златен глобус” и поминаа 12 месеци заедно. Веста беше потврдена од нивен претставник за весникот “Us Weekly”. Гласините за нивната разделба се појавија по овогодинешната церемонија на доделување на наградите “Оскар”, кога Кејти се појави сама на црвениот тепих.

Двајцата сепак изгледаа во добро расположение на афтерпартито на магазинот Vanity Fair, поради што многумина да мислат дека се разделиле со добри чувства.

Веста доаѓа непосредно по интервју на поранешната сопруга на Блум – моделот Миранда Кер, која е и мајка на шестгодишниот син Флин. Таа изјави дека Кејти има создадено многу позитивна врска со момчето, а таа и Орландо остануваат многу блиски.

“Ние сме модерно семејство. Јас и Орландо сме буквално како семејство, тој ми е како брат. Многу е чудно, но ние навистина се грижиме еден за друг и имаме одлична врска”, вели Кер.