Една 81-годишна жена се разбира во програмирање подобро од сите свои врснички. 
Масаоко Ваками ја претстави својата прва мобилна апликација.
Пред да наполни 60 година, од кога почнала да се занимава со компјутери, таа имала 43 години работен стаж во една водечка јапонска банка.
Во чест на тамошниот Ден на девојките, направила апликација за iOS која корисниците ги учи како правилно да постават кукли за фестивалот.
Хинадан апликацијата од корисникот бара поставување на 12 кукли на одредени позиции и играта се завршува кога ќе ги распоредите на точен начин.
Освен што прави апликации, Масако пишува и блог на јапонски и англиски, споделува снимки од своите патувања и држи обуки за употреба на Ексел за изработка на уметнички дела