Промоција на книгата „Фредерик Шопен поетот на музиката“, чиј автор е македонската уметница, пијанистката Даница Стојанова, ќе се одржи на 9 март, во клубот на Младинскиот културен центар во 19.30 часот.
– Книгата е наменета за сите млади уметници кои го изучуваат пијаното, но е напишана така да биде достапна и за широката популација, за сите вљубеници во најубавата уметност – музиката – вели професорката Стојанова.
Книгата е во издание на Друштвото за издавачка дејност „Паблишер“, а е поддржана од Министерството за култура.
Музиката на Фредерик Шопен е мост што ја поврзува Полска со светот, а сите нас не облагородува со своето богатство со кое бесконечно не задолжи.