Не свадба, туку крај за Кејти Пери и Орландо!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Кејти Пери и Орландо Блум го објавија крајот на врската само неколку часа откако позираа задоволно и среќно на афтерпарти по Оскарите. На крајот од минатиот викенд двете ѕвезди пристигнаа заедно на забавата на Vanity Fair, но според очевидци неколку минути по блицот од камерата се однесувале како непознати.

Според некои од гостите пејачката и актерот потоа ја посетиле приватната забава на Мадона, каде на сите им станало јасно дека работите меѓу нив не се воопшто добро.

“Кејти и Орландо пристигнаа заедно на забавата на Мадона, но јасно почувствував дека нешто не е во ред. Двајцата изгледаа прилично дистанцирани и како на Орландо не му беше гајле за неа. Во моментот во кој пристигнаа, секој тргна во поинаква насока. Дефинитивно крајот на односите им е дојден “, откри очевидец пред RadarOnline.

Шпекулации за проблеми меѓу нив се појавија уште пред еден месец, кога Блум замина за Африка за настан на Unicef ​​без Кејти. Според последните гласини причина за нивната разделба може да е потенцијално неверство на актерот, кој беше забележан да флертува со Ерин МакКејб (ќерка на претседателот на Global Green) на партијата пред Оскарите. Двајцата демонстрираа изненадувачка близина, а дамата дури и му го допираше лицето во текот на целата вечер.

“Орландо никогаш нема да го промени своето однесување. Тој ќе продолжи да се движи со своите пријатели актери и секогаш ќе е опкружен со тон секси жени. Кејти постојано е љубоморна. Таа патела премногу пати во минатото “, додаде изворот.

Кејти и Орландо беа пар близу една година. Двајцата ја обзнанија врската на минатогодишните награди “Златен глобус”, а до неодамна дури се ширеа гласини дека ќе прават и свадба.