Градоначалникот, Андреј Жерновски, во понеделник ги свикал директорите на училиштата што се на територијата на Општина Центар, за да разговараат околу случувањата со провокативните и политички натписи кои се појавија на некои училишта, како и повиците, учениците да се спротивстават на воведувањето на албанскиот јазик како втор задолжителен јазик во наставата, информира Телма.

Тој денеска разговарал и со МВР, откако ноќеска, на училиштето „Гоце Делчев“ е залепен плакат на кој пишува „Парична казна од 5.000 евра за секој што не знае албански јазик“.
Во некои средни училишта во Скопје, осамна и повик за бојкот на наставата. Во него се повикуваат учениците во 9 часот да излезат во школските дворови и да покажат дека се спротивставуваат на изгласувањето на Законот за Албански јазик.
Се појавија и шпекулации дека, директорката на средното училиште „Јосип Броз Тито“ им наредила на децата во 15 часот да го напуштат училиштето за да може новинарски екипи да ги снимаат дека одат на протест. Таа, пак, категорично тврди дека ова е лага.
Целиот текст можете да го прочитате тука