(ВИДЕО) Кои се судиите што го победија прераспоредувањето во Кривичниот суд?

од desk2
124 прегледи

Од Врховниот суд не разјаснуваат на кои судии им се уважени приговорите за прераспоредување во скопскиот Кривичен суд направен со годишниот распоред објавен пред десетина дена. Кратко ни соопштија дека одлуката ќе биде доставена до судот и дека тогаш треба да бараме информација од нив, од Основниот суд Скопје 1, информира Телма.

Според информациите од судски извори, седумте судии чии приговори биле усвоени од Врховниот суд се судиите Огнен Ставрев, Совче Гавриловска, Пајазит Пајазити, Ѓоко Ристов, Александар Милошевски, Славица Андреевска и Оља Ристова. Сите тие биле префрлени од еден оддел во друг судски оддел без воопшто да бидат консултирани. Најчесто завршувале од организиран криминал и од кривичниот оддел на судот во прекршоци, а судиите сметаа дека тоа е незаконски и е одмазда од екс претседателот на судот Владимир Панчевски, а не одлука зад која стои вршителката на должност претседател на судот Татјана Михајлова. Некои од прераспоредените судии сметаа дека деградирањето им е казна за жалбите против Панчевски во Судскиот совет.

Во смени на други судии во судот, пак стручната јавност виде деградирање на судии кои ги усвојувале барањата на СЈО, а на нивни места биле поставувани судии кои ги одбивале барањата на Специјалното обвинителство. Судот сите овие јавни објави ги негираше, се чудеа зошто јавноста се интересира за годишни распореди на судии и тврдеа дека распоредот е донесен и врз основа на закони и на Правилникот за работа во судот.

Но Врховниот суд од вкупно 8 приговори, прифати седум. Единствено го одби приговорот на судијата Насер Хаџи Ахметагиќ кој бил назначен за раководите на оддел, а не го сакал тоа. Судијата Седат Реџепагиќ кој по 30-годишно судиско искуство е префрлен од кривично во прекршочно, како и што најави не поднесе приговор затоа што не оценил дека нема да биде прифатен. Право на приговор имаат и судиите кои биле на боледување и се уште не го примиле решението дека се прераспоредени од едно на друго место.

Кривичниот суд сега треба да ги реалиаира одлуките на Врховниот, но последната таква одлука донесена во полза на судијката Весна Димишкова досега според извори во судот не е реализрана од страна на раководството на кривичниот суд./извор Телма