Џастин Тимберлејк и Џесика Биел се од оние ѕвездени парови кои не сакаат да предизвикуваат голема бука околу својата врска, не споделуваат премногу приватни моменти со публиката, но сепак, очигледно негуваат една топла и интимна љубов.
Актерката која му го роди и првото дете на пејачот, вчера наполни 35 години и по тој повод доби многу слатка порака од својот сопруг.
Тој сподели фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која ја бакнува насмеаната сопруга додека таа блеска во насмевка, а кон фотографијата напиша:

„Ти правиш да се смеам. Ти ме насмевнуваш. Ти правиш да САКАМ. Ти правиш да сакам да бидам ПОДОБАР. Кога сме кај тоа, не може да биде ПОДОБРО, од ти… Сега, знам дека сигурно е ПОДОБРО да си среќен отколку добар. Прашај ме кој е најсреќниот маж на светот и ќе ти кажам дека гледаш во него. Среќен роденден, срце мое. —Џ“ – напиша тој.