“Шпигел”: Колку од Путин се крие во Трамп?

од desk2
106 прегледи

Престижното германско списание “Шпигел”, во својот нов број – создаде вкрстување помеѓу лидерите на САД и Русија и побара одговорот на прашањето “Колку од Путин се крие во Трамп?”.

На насловната е “портретот” на рускиот претседател Владимир Путин, накитен со карактеристичното русо перче и веѓите на американскиот претседател Доналнд Трамп, кој е критикуван за симпатиите и сличните политички потфати со рускиот лидер уште пред неговиот избор. Насловот на бројот- Der Doppelregent – е комбинација од зборовите за двојник и владетел.

Повод е последното откритие од серијата – дека членови на администрацијата на американскиот претседател се сретнале тајно со рускиот амбасадор во САД.

Пред неколку дена се разбра дека главниот обвинител и министер за правда Џеф Сешнс разговарал два пати минатата година со амбасадорот на Русија Сергеј Кислјак, но е премолчел за нив на сослушувањата во Сенатот за неговата кандидатура. Слични средби доведоа пред тоа до оставката на Мајкл Флин – првиот советник на претседателот Трамп за националната безбедност.

Новиот број на “Шпигел” со уште една критика, која списанието ја упатува кон двајцата светски лидери. И бројот од минатиот месец беше посветен на Трамп, со карикатура на корицата, насликан американскиот претседател како џелат на иконата Статуа на слободата.