Искусните луѓе велат дека човекот никогаш не е подготвен за татковството и покрај тоа треба да се втурне во него без многу да му ја мисли. Редно ли е сепак да создавате дете кога воопшто не сте подготвени да бидете татко и тоа поскоро ќе биде “товар”, отколку радост?
Еве 5 знаци кои ќе ви помогнат да утврдите дека уште не е време да правите бебе :
1. Врската со сопругата / партнерот не е доволно здрава
Ако имате проблеми во односите со човекот до себе, едно дете нема да ги реши, туку ќе ги продлабочи. Многу парови погрешно веруваат дека детето ќе внесе заедништво, но тоа дефинитивно не е добра причина. Детето е обврска и бара посветеност и на двајцата. Во случај дека двајцата не можете да се разберете сега, замислете каква ќе е ситуацијата кога хормоните неа ќе ѝбеснеат, не сте спиеле со денови, бебето рика …
2. Туѓите деца не ве интересираат, како и ништо поврзано со децата како целина
Веројатно си мислите дека ако децата се ваши, ќе имате различен став. И донекаде сте прави. Но, замислете се кога последен пат сте си купувале кола и колку време одвоивте за да го проучите пазарот, сите нејзини карактеристики, најповолното место за купување и т.н.? Токму така, ако ништо поврзано со децата не ве возбудува, најверојатно уште не е дојдено времето да станувате тато.
3. Немате доволно финансии
Што и да си зборуваме, децата се скапа инвестиција. И ако немате доволно финансии да издржувате едно дете, подобро не го правете. Да, со помош на мама, тато, роднини и пријатели би можеле да го одгледате, но зошто мора да расте во лишувања и ограничувања, кога во друга ситуација би можело да живее подобро?
4. Пријателите немаат деца
Тоа на прв поглед може и да ви изгледа како незначајна причина, но не е така. Кога детето ќе се појави, целиот живот ќе се промени. Тоа се претвора во приоритет и настапува крајот на безгрижните машки вечери. Ова, за возврат ќе доведе до сериозен одлив во пријателскиот круг, бидејќи интересите веќе ќе бидат различни и речиси нема да наоѓате заеднички јазик со другарите. А тие ќе продолжат да се забавуваат, да пијат и да излегуваат по барови, што дури може да ве исполни со гнев и завист.
5. Премногу млад сте
Ако сте на 20 години, практично сте уште момче. Без навреда, но допрва треба да се ориентирате во животот и да застанете цврсто на нозе, пред да градите семејство. Според психолозите еден маж може да се наслади и да осознае вистински што е татковството по 30.