(ГАЛЕРИЈА) Тешко приземјување за Хилари Клинтон: Се прости од луксузните летови, мора да лета со обичните луѓе

од desk2
100 прегледи

Слика на поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон меѓу обичните луѓе го обиколи со огромен успех интернетот. Откако ги изгуби изборите за претседател на САД, поранешна прва дама беше фотографирана од патник во обичен граѓански лет, кој не можел да поверува на своите очи, соопштува “Хафингтон пост”.

Навикната да лета со приватни авиони Клинтон користела услуги на обична авио компанија за да се придвижи од Бостон кон Њујорк. Фотографијата е направена на 3 март од Кејтлин Куигли, менаџер на здравствен центар.

Уште поиронично да е тоа што неуспехот на претседателскиот кандидат на демократите беше снимена додека го чита весникот “USA Today” со прва страница за скандалот со потпретседателот Мајк Пенс – обвинет за нелегално користење на личниот маил додека бил гувернер на Индијана. Клинтон беше обвинета за истата грешка додека беше државен секретар, но во последен момент обвиненијата беа симнати.

Американски изданија посочуваат дека Хилари требало да се одвикнее од луксузот на приватни летови и да се научи да лета како обичните луѓе за помалку од два месеци. За време на патувањето до Њујорк таа била затрупана со весници.