(ВИДЕО) Судир меѓу приврзаници и противници на Трамп во Калифорнија

од desk2
80 прегледи

Десет лица се уапсени, а седум се повредени, во судир меѓу приврзаниците и противниците на американскиот претседател Доналд Трамп во Беркли, во Калифорнија.

Како што соопшти локалната полиција, никој од поврдените не е задржан во болница, пренесоа американските медуими.

Полицијата прецизира дека девет лица се уапсени заради напад, од кои четири со смртоносно оружје, а едно лице е притворено заради давање отпор при апсење.

Ниту еден полицаец не е повреден.

Запленети се еден нож, неколку метални цевки, палка, дрвени мотки и цигли.

Во судирот учествувале околу 225 приврзаници на Трамп и 150 негови противници. Полицијата не наведе од кој табор се уапсените.

Протестот на приврзаниците и противниците на Трамп во Беркли е еден од многуте што вчера беа одржани во САД.