Дакота Џонсон добила ветување од родителите никогаш да не го гледаат нејзиното учество во филмовите “Педесет нијанси на сиво” и “Педесет нијанси потемно”, пишува Contact music.
Причината, природно, се еротските сцени кои таа не би сакала нејзиното семејство да ги види.
27-годишната актерка, ќерка на Мелани Грифит и Дон Џонсон, признава дека овие похотливи епизоди не се за родителите и е многу благодарна дека тие се согласиле да не ги гледаат филмовите.
“Знам дека е тешко, но јас ги натерав да ветат и тие го почитуваат тоа”, коментира чаровницата.
Трилогијата се базира на романите на Е. Л. Џејмс. “Педесет нијанси сиво” излезе на екранот во 2015 година, а на 14 февруари 2017 година се одржа премиерата на “Педесет нијанси темно”.
Третиот дел – “Педесет нијанси ослободени” ќе дојде до гледачите во 2018 година. Во лентата Дакота соработува со актерот Џејми Дорнan, со кој се и доста блиски пријатели.