(ВИДЕО) Протести во 21 град

од desk2
109 прегледи
Наместо со боја, демонстрантите од „Иницијативата за заедничка Македонија“ на спомениците го залепија државното знаме, информира ТВ24.
Велат дека спомениците се поставени да сведочат за македонската историја.
Како и до сега, демонстрантите маршираа од владата кон собранието, каде индиректно испратија уште еден повик до Албанците да им се приклучат во одбраната на државата од, како што велат, надворешните непријатели.
Според најавите на организаторите, протестите ќе траат се додека ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците не се откажат од барањата наведени во т.н. платформа./извор ТВ24