Мерил Стрип и Том Хенкс ќе учествуваат во филм за документите на Пентагон

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Киновеликаните на Холивуд Том Хенкс и Мерил Стрип ќе работат заедно со режисерот Стивен Спилберг за криминалистичката драма “Д пост”, напишана врз основа на вистински случај. Лентата ќе се фокусира на улогата на американскиот весник “Вашингтон пост” при откривањето на скандалозните документи поврзани со улогата на Америка во Војната во Виентнам.

За целта Том Хенкс ќе се појави како главниот уредник Бен Брадли, а Стрип – како издавачката Кеј Греам.

Т.н. “Документи на Пентагон”го предизвикуваат еден од најголемите скандали во модерната историја на САД. За време на претседателствувањето на Никсон, медиумите шират дел од таен извештај составен во 1967 година по наредба на министерот за одбрана Роберт Мекнамара од Владата на Линдон Џонсон. Извештајот содржи 7 илјади страници и вклучува информации за сериозното мешање од страна на САД во војната, за намерно задржување, манипулирање и искривување на факти.

Информациите достигнуваат до новинарите и се шири, откако во 1971 година Даниел Елсберг, консултант во Пентагон, дава на реномирани весници како “Њујорк тајмс” и “Вашингтон пост” копии на поголем дел од тајната документација.