Да си гол може и да не е ефектен начин да се натера некој да мисли за нова линија облека, но кај Ешли Греам оваа тактика очигледно функционира.
Заоблената манекенка објавува слики во социјалните мрежи, каде е без никаква облека, за да рекламира нова колекција за луѓе со plus-size димензии на марката Lane Bryant.
Новите модели треба да се појават на пазарот овој месец, а Ешли е секси и гола во црно-бели фотографии.
Всушност Греам припаѓа на оние модели кои не само што не се срамат од заоблените форми, но и активно ги повикуваат девојките да си се допаѓаат такви какви што се.
Ѕвездата со plus-size димензии не се плаши од недостатоците на својата фигура. 29-годишната манекенка активно ја пропагира филозофијата за позитивното размислување за телото и сама редовно дава пример на своите следбеници.
Деновиве Ешли беше забележана на брегот на Мајами да учествува во тематска фотосесија во дизајнот на “Спасувачи на плажата”. Пред објективот Ешли позираше во стилски едноделен костим за капење, слично на ликовите од 90-тите години.

Во Instagram моделот не ги редактира разголените фотографии. Таа смета дека е непристојно да ги лаже фановите, покажувајќи се повитка отколку што е.
Затоа пак американското издание Vogue беше обвинето дека на една од насловните крие дел од телото на Греам и не ги покажува реалните нејзини димензии.