Ахмети и партиите на Албанците не се повлекуваат од платформата, сега на ред е Парламентот !

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Ќе останат ли  доследни на потпалувачката атмосфера или глатко ќе си гласаат. Тоа ќе ги симне ракавиците на политката на Никола Груевски, а секое попречување на формирањето на парламентот од демонстрантите, со милошевиќко камионско сценарио ќе ги отовори сите карти на масата.

 Потписниците на платформата немаат намера , ниту пак интерес да се окажат од барањата, всушност велат тоа не е тајна тоа е нашата изборна и партиска програма.  Трите потписнички партии на Декларацијата на Албанците  се едногласни, платформата не треба да биде кочница за формирање на Влада, а претедателот на државата без основ го држи мандатот.
За ДУИ  откажувањето од платформата би ја прекршила изборната кампања на партијата и волјата на мнозинството Албанци. Според ДУИ, Декларацијата не е надовор од Уставот или уште попрецизно надвор  од Охридскиот договор.
„Нормално размислуваме за да дадеме придонес за надминување на оваа ситуација, но, сакаме да повикаме дека секоја тенденција на злоупотреба на фактот на Албанците дека тие постојат во оваа земја тие да се демаркираат како проблем на земјата мислам дека е погрешно и како такво нема да помогне од излезот од кризата“, изјави Теута Арифи од ДУИ.
Од Беса, пак, велат дека може да се повлечат, но само ако и другите потписнички истото го направат.
„Нашиот став околу албанската платформа останува ист. Ние остануваме да ја поддржуваме платформата, а истата може да ја повлечеме само ако тоа е заедничка одлука на истите партии на Албанците. Ние остануваме посветени на нејзината имлементација“, порача преку Фејсбук  портпаролот на движењето Беса, Орхан Муртезани.
Вчера  во просториите на Американската амбасада во Македонија, беа претседателот на Движењето за реформи ДПА,  Зијадин Села придружуван од генералниот секретар Арбен Таравари, кои остварија средба со високи претставници на Американската амбасада, соопштуваат од Движење за реформи ДПА. Се разговарало за актутелната состојба, и нема прецизни детали, но како што се дознава добил препораки за омекнување на тврдиот  вокалбулар  со кој мавта во последно време и кој е доста иритирачки  на македонската политичка сцена.
Алијансата за Албанците смета пак дека шефот на државата ја користи платформата за да се прикрие криминалот што го откриваат прислушуваните разговори, и тоа е главната провокација и тие се на позиција дека нема интерес за повлекување на платформата.
И додека трите партии на Албанците суштински  не се повлекуваат,  и го дигаат рејтингот кај своите гласачи ВМРО – ДПМНЕ, силно едри на тој национализам и целата негативна енергија од платформата ја истура врз  Зоран Заев и СДСМ . Тие секојдневно повторуваат дека СДСМ и Заев се уценети со платформата, и второиот дел од кампањата дека таа е потпишана во Тирана, а со тоа  е и мешање на соседите во внатрешни работи и е тиранска.
„Таа уцена за која после ќе се бара некоја услуга. Секој има право да побара нешто, но ние имаме Устав и закони врз основа на кои нештата треба да се побараат и да бидат логични, оти тука не живаат само Албанци и Македонци, туку има и многу други етнички заедници“, изјави пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Крсте Јовановски.
Новата тема унитарност и избори е подобра до СЈО
Овој пристап  унитарност,протести, избори  е Вин -Вин позиција и за  Али Ахмети и за Никола Груевски, за двете партии. Ахмети дебело загуби на овие избори и му треба враќање на рејтингот, Груевски не успеа да направи Влада и да освои доволно пратеници заради„ бомбите“ и криминалите. Новата тема им е добредојдена, и полесно е кога се зборува со галсот на народот и не ја даваме Македнија, отколку со јазикот на Јанева и криминалите  на врхушките  на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ кои секако дека се следни во редот.
Со оглед на нескриените  нивни десничарски и популистички политики и вешти играчи на картата на патриотизмот (чит. национализмот),односно спакувано како „заштита на својот народ“, и Ахмети и Груевски билдаат членство, мобилизираат народ многу повеќе отколку за изборите и од се она што (не)го направиле за 10 годишното владеење. Ова е многу посилно и поевтино од која било предизборна кампања, и токму поради тоа се бараат избори веднаш, затоа што ова е предизборна реторика, и  класична кампања Темата за криминалите е истисната ,за еконимијата ист така не се зборува, за платите и стандардот не , за иселувањето ништо од тоа, нес е тема на платите- само унитарност, знамето  и да се биде или не.
Избори во тој контекст му  одговараат и на Ахмети, без оглед на тоа што потписите му ги даде на Заев. Тој игра на два фронта, потпретседателите со Заев , а Ахмети со Османи и Груби со двосмислените изјави му прават терен на Груевски за да може да дава голови и да го тепа Заев на теренот на платформата.
Како поинаку да се свати изјавата на Ахмети во ваков запалив контекст  за Ројтерс, каде вели дека „Не само што ќе има двојазичност на цела територија, туку ќе има и Албанец претседател на парламентот. И она побитното дека кризата може да трае и 4 години. Тоа во превод значи дека Ахмети си има свои министри во владата, ВМРО ДПМНЕ исто така, владата не е сменета, и тие навистина можат да влечат и 4 години, а народот нека се влече по улици и ќе ја штити истатата досегашна влада
СДСМ засега се во дефанзива. Иако обезбедија и потписи и поддршка од меѓународната заедница,  се решија да чекаат и да одат не од улица туку  по институционалниот пат. Тие го бараат и чекаат премислувањето на Иванов. СДСМ не ги решаваат платформите на другите политички партии, изјави Шеќеринска. Вели дека со партиите ќе имаат дискусии за точките кои се дел од нивните предизборни или постизборни платформи. Тоа ќе биде дебата и работа на идниот парламент велат од СДСМ.
Тие имаат објаснување дека не дале ништо за да ја загрозат унитарноста на Македонија, дека договореното не е  надвор од Уставот, но факт е дека не можат да ги надвикаат  ДУИ и Бујар Османи кои секојдневно по сите телевизии трчаат даваат спротивни изјави, а ВМРО ДПМНЕ и Груевски ги доработуваат мафтаат со нив како доказ дека Заев е предавникот.
Последната информација е дека се ова ќе мора фазно да се решава и тоа само во Парламент. Прво на ред е Парламентот, и избор на претседател. Според сите комбинации , и покрај лошиот запаллив политички момент од страна на власта на заминување, тоа најверојатно ќе биде Албанец. Тука ќе се види реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, дали ќе останат доследни на потпалувачката атмосфера или глатко ќе си гласаат. Тоа ќе ги симне ракавиците на политката на Никола Груевски, а секое попречување на формирањето на парламентот од демонстрантите, со милошевиќко камионско сценарио ќе ги отовори сите карти на масата. Следно ќе биде премислувањето на Иванов и гласање на нова влада.Или попрецизно следната тема ќе биде каква влада, иако кампањите за избори нема да запрат.
Ад.