Ова е совршено место каде што можете да направите едно бегство со најблискиoт човек или пак сами. Бора Бора, таму каде тиркизните води се спојуваат со небото и сè е опкружени со вили со сламени покриви, кокосови плодови.
Извонредно место кое ве тера да заборавите за сè и да се препуштите на животот, убав и неповторлив. Проверете некои интересни факти за островот.
Бора Бора е тропски остров од архипелашките друштвени острови – Француска Полинезија. Архипелагот се состои од 118 острови кои се поделени во пет групи.
Знаете ли дека во таитјанскиот јазик нема звук “б”. Островот е именуван пора пора од првите Полинезиски доселеници, што значи “првороден”. Но првите европски посетители слушнале и верувале дека домородците велеле Бора Бора. Името, иако погрешно, се задржало и до денес.
Поради својата неверојатна убавина и уединеност, островот е исклучително популарно место за парови и венчавки.
Цветовите на Бора Бора имаат големо значење и се поврзуваат со љубовта. Локалните жители користат цвеќиња, за да му го покажат на спротивниот пол љубовниот став. Ако една жена поставила цвеќиња зад левото уво, тоа значи дека таа има посебен човек во својот живот. Ако цветот е зад десното уво, значи дека е слободна и бара нова љубов.
Бора Бора е мал остров, составен од 3 села – Anau, Faanui и Vaitape. Има помалку од 9.000 постојани жители. Половина од нив се на возраст под 20 години.
Риби во светли бои, желки, тиркизни води, ајкули … Ако ви претстои патување до тоа небесно место, задолжително искористете ја можноста да нуркате. Во овие води можат да бидат видени едни од најубавите подводни животински видови.
Знаете ли дека тетовирањето е света уметност во Бора Бора? За уметноста на тетоважите се смета дека е донесена од двајцата синови на Бога на создавањето – Ta’aroa. Тетоважите се сметаат за знак на убавина и многу туристи тука си прават по некоја мала за спомен.
Филмот “Со жени на море” , со учество на Винс Вон и Џон Фавро е снимен токму на овој остров.
Во галеријата може да видите неколку впечатливи кадри од Бора Бора.