НАТО и САД ги предупредија косовските власти да се откажат од планот за снабдување на Силите за безбедност на Косово со тешко вооружување.
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека ако биде усвоен, законот ќе предизвика нестабилност на Балканот, пишува БНР.
жПовод за предупредувањата стана закон, со кој власта во Приштина планираат да го зголемат потенцијалот на Силите за безбедност на Косово. Формално, овие сили нема да бидат претворени во армија и така нема да се наметнуваат промени во Уставот, блокирани во моментов од српски пратеници. Претседателот Хашим Тачи ја повика владата и парламентот да го прифатат законот, и покрај предупредувањата на Западот, бидејќи Србија го пополнува воздушниот простор со Миг-ови, донирани од Русија. Од Белград српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вели дека намерите на Приштина ќе доведат до зголемување на нестабилноста на Балканот. НАТО кој оддржува 4 500 војници во поранешната српска покраина, објави преку генералниот си секретар Јенс Столтенберг дека ваквите еднострани чекори од косовските власти не се корисни. Од амбасадата на САД во Приштина предупредија дека ќе бидат принудени да ја преоценат долгорочната американска поддршка за косовските вооружени сили.