22 мигранти убиени од шверцери на либиски плажа

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Еритрејски мигранти, натикани во мал  брод испловил од Либија за Италија.

Шверцери на луѓе убиле 22 африкански мигранти на плажа во западна Либија, соопшти извор од либиските безбедносни структури. Делото е извршено на плажа в , 70 км  од Триполи, каде мигрантите требало да бидат преземени за  опасното патување кон Европа. Тие сепак биле убиени откако одбиле да трганат на  пловењето поради лошото време. Убиството е извршено во текот на викендот. Со седиште во Женева Меѓународната организација за миграција (ИОМ) изјави дека слушнала за инцидентот. “Изгледа имало престрелка меѓу шверцерите, при што загинале 22 мигранти”, рекоа од ИОМ. Според организацијата од почетокот на годината загинале 521 мигранти при обид да го преминат Медитеранот кон Италија. До италијански брег бројката се искачи на 20 000 луѓе. / АФП