Сопругот на Јохансон ја замоли да не се разведуваат

од Vladimir Zorba
85 прегледи

За тоа дека односите меѓу Скарлет Јохансон и Ромен Дориак не се добри, стана јасно на 25 февруари оваа година. Според податоците на нивни блиски тие престанале да живеат заедно уште во текот на летото на 2016 година.

Сепак двајцата продолжија да се појавуваат заедно на светски настани. На 8 март се појави информација дека претходниот ден актерката поднела и барање за развод во Врховниот суд во Њујорк.

Но се појави и надеж дека двајцата можат да се смират, бидејќи Ромен ја замолил актерката да премисли и го повлече барањето за развод, пишува People.

Дориак напишал: “Сакам да се вратиме на преговарачката маса. Имаме прекрасна ќерка, која може да ја воспитуваме заедно уште многу години во радост и тага “.

Адвокатот на францускиот новинар Харолд Мајерсон истакнал дека сега тој го дискутира прашањето за родителските права на 2-годишната Роуз Дориак со колегите правници на Јохансон.

“Ние ги разговараме прашањата за родителските права, а исто така и економските прашања и сме изненадени кога тие го направија тоа (поднесоа барањето за развод).

За актерката ова е втор брак. Претходно таа беше мажена за Рајан Рејнолдс. За причината за распадот на врската со Французинот близок до актерката објаснува:

“Очекував дека тие да се разделат по одредено време. Никогаш не сум верувал во тоа дека двајцата ќе се долго заедно. Тие не се еднакви и тоа влијаеше на односите. Се гледаше дека нешто не е како што треба “.

Покрај тоа, тој нагласува дека Скарлет има навика, ако меѓу неа и некого односите потонале, таа брзо да заврши со овие работи.