Адриана Лима повторно е сингл жена

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Еден од најпосакуваните супермодели во светот повторно е неврзан!

Адријана Лима се раздели со својот партнер – Џулијан Еделман, а причината за тоа е премногу зафатениот распоред.

Ангелот на Victoria’s Secret ја започна врската минатата година во текот на летото и се обидува да се скрие од вниманието.

Последниот јавен настап на двојката беше за време на Super Bowl, каде Адријана Лима се појави за да даде поддршка на дечкото.

Убавицата дури се пошегува дека е многу важна за својот пријател од спортот.

Оваа година Адриана Лима заблеска на црвениот тепих на наградите “Оскар”, а впечаток направи тоа дека не е придружена од никого.

Извор откри дека супермоделот одлучил да се фокусира на својата кариера и тоа доведе до разделба со Џулијан Еделман.