
Имате ли длабока и неодолива желба да се качите во неизвесното? Желба, што може да биде задоволена само со ранец на грб и обиколка на непозната земја. Ако е така, можеби вреди да ги посетите овие држави на списокот. Us News & World Report истражуваа над 21 000 луѓе од целиот свет за изготвување на листата на најдобрите земји во светот. Авторите на истражувањето оценуваат 80 земји според пет критериуми – дали се штетни, обезбедуваат забава, имаат пријатна клима, убава глетка и дури дали на луѓето им се секси или не. Business Insider објави топ 10 најдобри земји за љубителите на авантури во светот.
10. Аргентина

Од Андите до крајбрежјето – Аргентина е природен рај за Авантуристи. Планински место во Барилоче и параглајдерство во Ла Кумбре се одлични референтни точки.
9. Австралија

Само големината на Австралија ја прави идеално место за љубителите на авантури. Тоа е околу 31.5 пати поголема од Велика Британија, што значи дека има доволен простор за прошетка. Покрај тоа Австралија е на предни позиции во целокупната оценка за квалитетот на животот.
8. Мексико

Енергичната култура на Мексико ја прави земјата идеална за барателите на силни чувства, особено кога се комбинираат со богатата предколумбова историја. Земјата ја има една од највисоките стапки на киднапирања во светот.
7. Костарика

Pura Vida (почист живот на шпански) е мотото на земјата и посетителите всушност ќе вкусат од чистиот живот. Спуштањето по зип лајн над зелените тропски шуми е само една од многуте активности што ја нудат на посетителите на еден од најголемите центри на екотуризм во светот.
6. Нов Зеланд

Нарекувана “светска престолнина на екстремните спортови”, Нов Зеланд е идеална за барателите на силни чувства. Различната природа во земјата значи дека таа може да понуди практично било каква авантура за активности – од возење на снег до планинарење и скокање со банџи.
5. Грција

Културното влијание на Грција датира од милениуми, уште од времето на древната цивилизација. Иако има континуираната должничка криза, медитеранската земја зазема висока позиција во рангирањето за авантури благодарение на многубројните присутни активности на островите – од Маратон во Калимнос до велосипедизам во Крит.
4. Тајланд

Со одилични природни пејзажи, не е изненадувачки дека Тајланд се наоѓа на место во топ петте места на љубителите на авантури. Рајските острови се идеално место за љубителите на нуркањето.
3. Шпанија

Шпанците се сметаат за најпријателските луѓе во светот и тоа придонесува за нивната висока позиција во рангирањето за авантури. Шпанија има наследен вкус кон авантури уште од времето на морската доминација во ренесансата. Сега очигледно луѓето се упатуваат кон земјата во потрага на возбудливи доживувања.
2. Италија

Италија е поставена на водечката позиција и во категориите за културно влијание и наследство. Според сајтот Italia.it земјата “нуди бескрајни можности за практикување на сите видови екстремни спортови”.
1. Бразил

Бразил е најдобра земја во светот за барателите на силни чувства. Најголемата земја во Јужна Америка е одредена исто како најзабавната и најсекси држава на листата, што придонесува за целокупниот нејзин рејтинг во областа на авантури. Популарниот карневал во Рио де Жанеиро, неверојатни пејзажи и големите фудбалски натпревари се дел од причините Бразил повторно да ја предводи листата.