Марк Цукерберг чека второ дете

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Семејството на Марк Цукерберг се зголемува со уште еден член. Ова го соопшти самиот Марк во својот профил на Facebook. Основачот на социјалната мрежа објави дека тој и неговата сопруга Присила Чан очекуваат второ дете, повторно девојче. Двојката веќе има една ќерка, Макс.

“Присила и јас сме среќни да споделиме дека очекуваме уште едно бебе, девојче. По нашите тешкотии да ја имаме Макс (нивната прва ќерка), ние не бевме сигурни што да очекуваме и дали ќе имаме можност за уште едно дете “, напиша Марк во статусот.

“Кога Присила и јас разбравме дека таа е бремена повторно, нашата надеж прво беше тоа да е добро. Мојата втора надеж беше пак да е девојче. Не можам да замислам поубаво нешто од тоа да имаш сестра и сум многу среќен што Макс и бебето ќе бидат заедно “, дополнува милијардерот.

И Марк и Присила имаат сестри и двајцата споделуваат дека не би биле тоа што се, без поддршка на жените во нивните семејства.

“Ние сме подобри луѓе, поради силните жени во животот- сестри, мајки и пријатели. Немаме трпение да се појави нашето ново бебе и да го направиме најдоброто, на што сме способни за да одгледаме уште една силна жена “, вели Марк.

Марк и Присила го пречекаа своето прво дете заедно, Макс во 2015-та година.