Тим од египетски и германски археолози открија огромна 8-метарска статуа, која веројатно е на фараонот Рамзес II, кој владеел пред повеќе од 3.000 години.

Откритието, кое се смета за многу значајно, беше направено во сиромашниот кварт на Каиро, во близина на урнатините на храмот на Рамзес II во античкиот град Хелиополис. Статуата е изработена од кварцит.
Истиот тим го најде и горниот дел на статуаат на фараонот Сети II, кој е внук на Рамзес II. Храмот на сонцето во Хелиополис, кој е изграден токму од Рамзес II, бил еден од најголемите во Египет – речиси двапати поголем од Карнак, но бил уништен по римското време.