Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли стана лице на Guerlain во јануари 2017 година. Актерката потпишала договор со брендот уште во 2015 година во Камбоџа.
Во тоа време таа го снимала филмот “Прво го убија татко ми”.
И ете, така муза на новиот мирис Mon Guerlain, во кој доминира лавандата, станала Анџелина.
Одлуката да стане лице на новиот парфем има длабоки емоционални предуслови.
Guerlain е омилена марка парфеми на покојната мајка на актерката. По зборовите на претставниците на брендот, ѕвездата била олицетворение на современата женственост.
Исто така Анџелина стана и хероина во минифилм, кој е посветен на новиот мирис, забележува OK Magazine, а во сајтот на брендот се појавија снимки со Џоли.
Видете ја во галеријата.