Бидејќи некои ја поврзуваат идејата за кампување со распнување на шатор, готвење на мала и непријатна печка и недостаток на услови за капење, ова го прави тој начин на летување не особено привлечно.
Шпанска компанија има иновативно решение за луѓето кои сакаат да се дел од природата, додека истовремено не се лишуваат од удобноста.
Drop box-от е пренослива хотелска соба, која може да се монтира секаде во природната средина, нудејќи домашна атмосфера. Конструкцијата на практичната пренослива соба е дрвена, што ја прави и еколошка.
Достапни има преносни соби со две големини спални, едната е за двајца возрасни, а другата може да прими семејство од четири лица. Преносната соба може да вклучува една или две спални, заедно со бања и отворена тераса. Огромните стаклени прозорци откриваат спектакуларни погледи на околината.
Благодарение на лесните материјали, структурата се преселува лесно кога тоа е потребно.
Слики на иновативната пренослива соба може да видите во нашата галерија.