Научниците откриле: Безглутенската диета препорачана од Гвинет Палтроу и Викторија Бекам го зголемува ризикот од дијабетес

од desk2
86 прегледи

Модерната безглутенска диета препорачана од личности како Гвинет Палтроу и Викторија Бекам, го зголемува ризикот од дијабетес, предупредија американските научници, цитирани од весникот “Дејли мејл”.

Истражувањето на тим од Универзитетот Харвард покажа дека луѓето кои консумираат помалку глутен со храната – под четири грама, се меѓу 13% на лица кои повеќе се загрозени од дијабетес тип 2. Мал дел од луѓето – околу 1%, имаат интолеранција на глутен.

Глутенските диети во последно време станаа популарни меѓу луѓето, иако нема докази дека се корисни за здравјето. Глутенот е карактеристичен за пченицата, ‘ржта, јачменот.

Со глутен се повеќето тестенини, готови јадења, дури пивото. Безглутенска храна се со помалку влакна и други корисни состојки. Тие се и поскапи. Научниците следеле речиси 200.000 луѓе кои примале глутен, а испитувањата биле распределени во три долгорочни истражувања кои се одвивале во последниве 30 години. Повеќето од учесниците се вклучиле во нив пред глутенските диети да станат популарни, затоа податоците не се за доброволно ограничување на глутен.