Aктерот Џон Форџам од „Italian Job“ почина поради пад од кревет

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Британскиот актер Џон Форџам почина во болница во англискиот град Вортинг на 76 години. Според британските медиуми, причина за смртта е внатрешно крварење, предизвикано од скршена клучна коска. Форџам се повреди на 8 март, откако падна од кревет во својот дом во Источен Сасекс.Актерот беше примен во болница, каде што почина по два дена. Актерот е познат по улогите во филмовите “Бакнежот на Змејот”,”Италијанска работа” и други.

Смртта на Фоџам беше потврдена од неговата ќерка Џонеста.