Паднаа четворица министри од владата на Рама

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека четворица албански министри ќе се повлечат од функцијата за да и се посветат на кампањата пред парламенстарните избори закажани за 18 јуни.

Министрите за внатрешни работи, здравство, социјална заштита и локална самоуправа кои се дел од раководоството на владејачката Социјалистичка партија ќе се „фокусираат со обновена енергија врз кампањата“, изјави Рама.

– Во изминатите 24 часа слушавте разно разни конспиративни теории околу смените во Владата.Тука сум за да ви кажам дека овие смени немаат никаква поврзаност со изборни претстави, немаат никаква врска ни со пратениците на Демократската партија (ПД), кои прстојуваат во шаторите и држат ноќна смена. Нема никаква врска ни со музиката во празните шатори на ПД, која е под нивото на ноќните клубови. Овие смени не се поради работата на министрите, напротив можам да кажам само пофални зборови за нивната тригодишна работа. Саимир Тахири е шампионот од Кабинетот, кој ја претвори полицијата во најзначајна институција на која граѓаните најмногу и веруваат, наведе Рама.

Искажувајќи само пофални зборови и за тројцата други сменети министери, Рама најави дека нивните места ќе ги пополни со други социјалисти, но не ги спомна имињата.

Рама не заборави да каже дека смените не се никаква последица од притисокот на неговиот коалициски партнер, лидерот на Социјалистичкото движење за интеграција и актуелен спикер на парламентот, Илир Мета,

Тој ги негираше  и пишувањата во печатот дека рекострункцијата на владата била изведена по барање на опозициските партии. Опозицијата се закануваше дека ќе ги бојкотира изборите доколку владејачката коалиција не формира преодна влада. Приврзаниците на Демократската партија три недели ја блокираа главната улица во Тирана.