Пипа Мидлтон се надева дека ќе го убеди принцот Хари да не ја води актерката Меган Маркел на свадбата со Џејмс Метјуз во мај. Причината е тоа што таа љубомори на вниманието кое ѕвездата од “Suits” го добива и не сакала да биде засенета од неа на најважниот ден, пишува Mail on Sunday.
Пипа забележала како Меган се претворила во ѕвездата на свадбата на Том Инскип во Јамајка, пред една недела и била категорична дека нема да дозволи такво нешто на својата.
“Виде како сите очи беа насочени кон Меган, а не кон невестата Лара. Ситуацијата беше трауматично искуство и за Хари. Пипа и мајка ѝ Керол се прашуваат дали свадбата нема да предизвика непотребен хаос “, откри пријателка пред медиумите.

Меган Маркел, Слика: Instagram
Блиски до младата Мидлтон издадоа дека таа ќе ја воведе политиката на “Прстенот”. Пријателите и пријателките ќе можат да доведат свој партнер, само ако се свршени или омажени што автоматски го исклучува присуството на Маркел.
Пипа и Џејмс ќе се венчаат во мала црква во Беркшир, а потоа прославата ќе продолжи во зградата на семејството на невестата.