
Високиот претставник на Европската унија за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и Европскиот комесар за соседска политика и преговорите за проширување Јоханес Хан ги претставија рамките на проучување на предложените измени во уставот на Турција, пренесе NewEurope.
Според нивно заедничко мислење Европската комисија “во моментов го прифаќа мислењето на Венецијанската комисија за уставните амандмани на Турција”. Според нив “Турција има суверено право да реши каков вид на систем на управување ќе има”. “Го зризнаваме фактот дека земјата поминува низ предизвикувачки времиња и се бори против напади на тероризмот.
Ние ќе продолжиме да го поддржуваме гостопримството на земјата кон бегалците од блиските воено разурнит области “, пишуваат Могерини и Хан.
“Сепак коментарите на Венецијанската комисија предложените измени во уставот предизвикуваат сериозни грижи за прекумерна концентрација на власта во една институција и со сериозен ефект врз потребниот баланс на властите и независноста на судството. Загрижувачко е тоа дека процесот на уставните измени се врши при вонредна состојба “, велат тие во заедничката изјава