Колумнава е хипотетика. Ниту тврдам, ниту верувам, ама ако е тачно дека Иванов оди во клучни денови во посета на Аустралија деновиве, тогаш стварно не заслужува никој да го вика фикус по улици. Греота е да оди со таков надимак таму па и ако они протокларно по грешка го викнат така ке стане дипломатски и меѓудржавен скандал. Јас не сакам да предлагам никаков надимак ниту да го коментирам тоа затоа што легитимно може да бидам повикан на суд за навреда на угледот и честа на Претседателот на државата ни. Што је сигурно, сигурно. ‘‘ Ќути Агиме и не сери много’’! Сакам само да пренесам парафраза на еден пијан муштерија кој пред трафика си дозволи гласно да ја протолкува насловната страна на Слободен Печат од 13.03.2017 под наслов ‘‘ ИМА НА КЕНГУР ДА ГО ДАДАМ МАНДАТОТ‘‘ . Вели ‘‘ браос, на кенгур да даеш, ама на шиптар не‘‘. СИГУРЕН СУМ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ НЕМА ДАДЕНО ТАКВА ИЗЈАВА! Ама ете си праиме муабет де, си заќутав чувствувајки се како кенгур ( срамота на стар чоек да му опнеш една, васпитан сум, ако сум Шиптар)! Арно ама, кога сме кај угледот и честа, во тој случај ајде да заборавиме дека претседателот кој во моментот е истовремено и актуелен врховен командант на државата се вика Ѓорѓе Иванов, да го испочитуваме приватно како граѓанин на Р. Македонија. Пред се е човек а после Претседател. Сите си имаме семејства кои не треба да трпат и не се должни да преживуваат стресови и понижувања поради нашиот јавен живот. Што е јавен живот? Еве што!

Јавниот живот на еден поединец е исто како и фудбалски судија кој ке суди дерби утакмица ( ние сме селска лига , де) и треба однапред да биде спремен дека на преполна трибина има разно културолошко различни навивачи кои легитимно си платиле карта и има да ти псујат друже и мајка, сестра, комшика, абе, се што ти е женско у околина. Нема тука што! Си избрал да бидеш фудбалски судија и – крај! Така и политичарите, глумците, пеачите, а бе сите оние кои во секојдневјето ни излагаат пред очи каде и да се свртиме. Кога некој навијач ке викне ‘‘ судија пеедеер‘‘ иди ти објасни дека не си педер. Така и политичарите ‘‘ лоповииии‘‘, а ти ај докажуј дека не си лопов. Судбина ти е тоа. Така и Претседателот на државата, народот ако го нарекол ‘‘фикус‘‘ тоа не значи дека он стварно е фикус, можеби е филадендрон де, од кај знаеш!
Одсуство на претседател на држава во кризни моменти, посебно во случај кога нема Претседател на собрание ( активен, легитимен) е исто како гол без голман. Тоа не е обична туку реална ‘’ васељенска‘‘ грешка во политиката на една држава. Исто како у култниот филм ‘‘ Ко то тамо пева’’ кога оној кретенот зад волан вика ‘’ тата, тата види могу да возим и без руке’’ божем вози компири а не луѓе. Така и нашата татковина ни, во случај да оди Иванов и да остави ситуација каква што е не може да се третира никако освен како автобус полн со патници а шоферот се чатали дека аутобусот може да се вози и ‘’ без раце’’. Во меѓувреме дезинформациите, какафонијата, разните шпекулации, ‘’топло-ладно’’ амбиентот, пораките од Исток и Запад во вид на сериозна загриженост за нашата судбина доживуваат невиден ментален коитус и тоа ‘’до балчак’’. Не се сеќавам во мојот живот ( 0,5 ВЕКА) до сега народот да бил толку многу во стегите на очајот. Интересна работа, на никого не му е до тепање и крвопролевање ( што е позитивно) а, од друга страна како никогаш до сега не бил во филмот на ‘’ ќе видиш ти, кети‘бам ова, она…‘‘! Таква ситуација е слична на она ‘’ ем гладен, ем прдиш’’ – е па од каде ти се гасовите само господ знае! Феномен! А бе Сорос – и се е можно. Ама, ај Сорос, овие другиве па толку сложно си понеле од дома грамада на материјали за протести, па ова, па она. Алал да им е! Не! Тоа не го плаќа Сорос ‘’ па да га јебеш’’ што би рекле србите. Тоа го плаќа најверојатно Трпе тутунарот што добил субвенција од ланската реколта на тутунот па иа вишок пари за фрлање. Туку, ај да бидеме сериозни!
Како да бидеш сериозен во несериозна држава. ( затворен пасус во една реченица).
Да бидеш сериозен во несериозна држава има само една формула. А тоа е- да бидеш сериозен. За да бидеш сериозен, треба да си посветен, стручен, да знаеш што сакаш, каде одиш и да знаеш пред се – што правиш. А знаеш кога е тоа можно? Кога си сит. И ти, и децата и фамилијата, па тогаш можеш да изиграваш ефендија за сите пари. А кои црни пари. Ти дужат, дужиш, крпиш од денес до утре ( заутре е далечна иднина), јадеш буре продавајки чалам и сметаш дека на стара слава луѓето уште те почитуваат кога насмеани те сретнуваат на улица. И у ствари појма немаш дека тој би ти ебал се живо прва прилика. Зошто? Еве зошто! Затоа што тоа стана душевна храна. Да се мрази. А, велат оној што се храни со омраза, тој кења чаури од куршуми! Крај! Тоа ли го бараме сите! Јас – НЕ! А знам и многумина кои тачно онаквото ги заболе за војни и омрази, ама јадни молчат. Знаеш зошто? Од страв друже!
Кому ти страв бе?! На Античката фаланга? На Скендербег? Знаеш ли кој сме ние бе!!
Да! Баш затоа што знам! Ајде еве, да поставиме едно вакво прашање и тоа јавно па секој себе си нека си одговори пред огледалото на совеста. Ако веќе се пушта во оптек филмот ‘’ ТРЕТА МАЈКА ИЗБОРИ’’ најлегитимно е прашањето на што ке се темели кампањата во предизборието? Ако албанците беа лајтмотив на претходните, после платформата албанците ке треба да наплаќаат дебели пари за авторско право што ке бидат спомнувани во етерот 7/24 во тек на цела кампања. Најсмешното од се ќе биде податокот кој вели дека кампањата ке се темели на финтата ‘‘ тоа се наши браќа, ама нека не серат многу‘‘. Од една страна ке те велича и сака како брат, а од друга страна ке те треска како што се трескале од земја Муса Кесеџија и Крале Марко ( мои омилени ликови за споредба). И пак на крајот ке си завршат Муса и Марко у некоја кафана у која ечи ‘‘Цеца’’ со песната ‘‘ кад би био рањен крви би ти дала’’. Таква кампања може да организираат само експерти за ПР и за поставување тези кои подразбираат ‘‘ ем те онакви ем не ти дава да стенкаш‘‘. Знам дека сум прост, ама простаклатот е рефлекс. Да не бевме прости до сега кој знае кај ке ни беше државава понапред. Ама, стока сме си, стока и ке си останеме! Затоа, ете и јас ја користам комоцијата на тоа дека сум си дел од таа стока и си праам муабет овде како простак! “ Sorry, you asked for it, though”
И наместо завршен пасус со некакво резиме, приказната останува отворена онака како што останува и дилемата каде оди државата. Една работа е сигурна, а тоа е дека во историјата некогаш нашава држава ке биде во учебниците по Политикологија, во кои под некоја фут нота ке остоиме како ‘’see the chapter about once upon a time at FYROM‘‘. Што друго да се каже освен:
Niccolò Machiavelli – НЕКА СЕ НОСИ У ПИЗДУ МАТЕРИНУ! НЕКА ДОЈДЕ ДА УЧИ ЗАНАТ КАЈ НАС!
Агим Јонуз / Либертас