Германските власти претресувале станови поврзани со џамија во градот Хилдесхајм, посетена од тунискиот терорист Анис Амри , кој газеше со камион на божиќниот базар во Берлин во декември, кога беа масакрирани 12 лица, пренесува “Ројтерс”.

Од Министерството за внатрешни работи на провинцијата Долна Саксонија прецизираа дека повеќе од 300 полицајци пребарувале становите на 8 лица и ја затвориле и а џамијата и организацијата која ја стопанисува , нагласувајќи дека таа служела за регрутирање млади муслимани, за да се приклучат на терористите од ДАЕШ ( ” Исламска држава “) во Ирак и Сирија.
“Забраната на здружението го уништува жариштето на радикалниот ислам во Германија “, коментира министерот за внатрешни работи на покраината Борис Писториус.
Ирачки исламистички идеолог кој бил уапсен во ноември за управувањето со криминална мрежа за прибирање на борци за ДАЕШ, проповедал во забранетата џамија во градот Хилдесхајм, кој се наоѓа на околу 280 километри западно од Берлин.