Специјалното јавно обвинителство денеска треба да го објави вториот шестмесечен извештај за својата работа.

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да го објави новиот шестмесечен извештај за својата работа.
Извештајот по закон се доставуваат до Собранието и до Советот на јавни обвинители, но со оглед на тоа што Собранието се уште не е конституирано, од СЈО најавија дека извештајот ќе биде објавен пред јавноста
Во него треба да се споменат покренатите истражни и предистражни постапки кон поединци или правни лица за разни евентуални злоупотреби. Важна точка, е официјално појаснување на СЈО до каде стигнале со обработката и анализата на прислушуваните материјали, со што се соочуваат и што ќе преземат до крајниот рок за поднесување на обвиненија . Познато е дека со крајот на јуни без оглед на тоа што правната активност на оваа институција ќе трае пет години, завршува правото за поднесување нови обвиненија.