Обожавателите на “Матрикс” очекуваат ново продолжение на култниот филм!

од desk2
77 прегледи

Холивудскoто студио “Ворнер Брос” е во рана фаза на развој на обновената верзија на филмот “Матрикс”, соопшти ТАСС, цитирајќи го изданието “Холивуд рипорт”.

Според изданието форматот на идниот проект се уште не е јасен. Преговори за пишување на сценариото се водат со Зак Пен, познат по својата работа над филмовите “Одмаздници” и “Х-мен: Последниот судир”. Во својство на кандидат за главната улога се споменува кандидатурата на актерот Мајкл Бакари Џордан.

Сестрите Уашовски кои го создадоа оригиналниот проект на “Матрикс”, до овој момент не се заинтересирани за римејк и форматот на потенцијалното учество во новата верзија.

Идејата за продолжување на серијата припаѓа на Џоел Силвер, кој беше продуцент на оригиналната трилогија. Тој ги продаде авторските права на студиото во 2012 година за 30 милиони долари. “Ворнер Брос” со претпазливост се однесува на неговото евентуално учество во проектот, со оглед на комплексните односи меѓу него и тандемот Уашовски.

Првиот дел на “Матрикс” излезе на екран во 1999 година, а по четири години, во 2003-та, се појавија уште два филма на култниот “Матрикс: Наполни” и “Матрикс: Револуции”. Главната улога во култната трилогија ја играше Кијану Ривс.