Хан повторно во Македонија

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во вторник доаѓа во посета на Македонија во обид да го забрза процесот за излез од политичката ситуација, откако претседателот Иванов по вторпат одби да го даде мандатот за состав на владата.

Се очекува пред доаѓањето на Хан да се состане Собранието да се избере новиот собраниски спикер, по што официјално би го известитиле Иванов дека е составено мнозинство од 67 пратеници и повторно да побараат мандат за состав на нова Влада.