Државата без кормилари-ПРАЗНА ! Ниту претседател, ниту премиер, ниту парламент!?

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 

За колку несериозни политичари станува збор, кои не мислат на своите граѓани, покажува однесувањето на Ѓорге Иванов, за кого државен приоритет не е формирањето Влада, туку неговите прошетки по Азербејџан, Унгарија и Австралија. Од денеска и Емил Димитриев кој извршува функција технички премиер, не е во државата, соопштува СДСМ.

Aко ВМРО-ДПМНЕ сака унитарна и суверена Република Македонија и се грижи за потребите на граѓаните, треба веднаш отворено да ја поддржи Програмата на новата реформска Влада, да прифати дека е опозиција и да овозможи мирен трансфер на власта.

И за домашната и за меѓународната јавност е јасно дека ова што го прават Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, поттикнувањето поделби меѓу граѓаните, омраза и нетрпеливост, има за цел само заштита на криминално стекнатото богатство и обид за бегство од одговорност.

За колку несериозни политичари станува збор, кои не мислат на своите граѓани, покажува однесувањето на Ѓорге Иванов, за кого државен приоритет не е формирањето Влада, туку неговите прошетки по Азербејџан, Унгарија и Австралија.

Од денеска и Емил Димитриев кој извршува функција технички премиер, не е во државата.

Во услови кога нема нова Влада, Собранието нема претседател, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се ориентирани кон сценарија на конфликтност, ова е крајно ризично и бара итно отрезнување на креаторите на кризата и многу брза разврска на политичката криза.

Институциите мора веднаш да се формираат и државата мора да профункционира според мнозинска волја на граѓаните.

Република Македонија мора да ја добие и ќе ја добие новата Влада којашто ќе ја гарантира стабилноста, безбедноста и добрата иднина на граѓаните и на државата, се вели во соопштението на СДСМ