Во услови на криза постојат само две идеи, кои ги мобилизираат луѓето – надежта и стравот.

Во Македонија колабира либералниот модел наметнат по Втората светска војна. Македонија е единствената држава во светот која нема право на сопствен идентитет во ОН.
Ни го оспоруваат правото на самоидентификувањето, едно од основните права на секој човек и држава во светот. На Македонија и го одземаат правото на просперитет.Го блокираат членството во НАТО и ЕУ. Ова го покажува лицемерието на овој меѓународен поредок и двојните стандарди. Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов за време на меѓународниот форум во главниот град на Азербејџан Баку. Според него моделот е во криза, а не самата идеја за слобода. Прашањето е дали станува збор за привремена криза која ќе одмине или пак таа ќе биде одлучувачка во светската историја. “Во услови на криза постојат само две идеи, кои ги мобилизираат луѓето – надежта и стравот. Денес надежта е се поретко, а колку помалку надеж, толку повеќе страв”, рече уште Иванов, цитиран од неговиот кабинет