Американска амбасада: Поддржуваме истраги за нашите активности

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Американската амбасада во Македонија е запознаена со писмото на шестмина сенатори кои бараат од државниот секретар Рекс Тилерсон да спроведе истрага за начинот на кој Амбасадата во Македонија и Мисијата на УСАИД ја давала финансиската помош, и заедно со Стејт Департментот ќе одговорат, велат од Амбасадата за НОВАТВ.

amerikanska ambasada

– Ги поздравуваме истрагите од Конгресот и можноста да се обезбеди информација за нашите активности и за контекстот во кој ние работиме за постигнување на целите на американската надворешна политика, се вели во изјавата од Амбасадата за НОВАТВ.

Во писмото што го објавија повеќе медиуми во Македонија, сенаторите Мајк Ли, Тед Круз, Џејмс Инхоф, Том Тилис, Дејвид Пердју и Бил Кесиди наведуваат дека Амбасадата во Македонија се ангажирала во поддршка на партијата СДСМ и преку УСАИД им доделувала финансиски средства на левичарски невладини организации поврзани со мрежата на Џорџ Сорос.