(ВИДЕО+ФОТО) Шок: Таткото на напаѓачот ученик – почитуван француски политичар

од desk2
97 прегледи

Напаѓачот во училиштето во францускиот град Грас е идентификуван како Килијан Барби (Kylian Barbey). Тој е ученик во нападнатото училиште. Но, излезе дека татко му е локален десен советник во општинската администрација, Франк Барби – познат поборник и поддржувач на кандидатот за претседател Франсоа Фион.

Во минатото тој го поддржувал и Националниот фронт на Марин Ле Пен. Според последните податоци, при пукањето се повредени тројца. Траумите не им се тешки. Таткото на напаѓачот на Твитер изрази поддршка за директорот, кој беше повреден во пукањето од страна на неговиот син. “Со цело срце сум со директорот, наставниците, персоналот, учениците и сите нивни родители”, напиша тој.

Ученикот Томас раскажа за Nice Martin дека го видел стрелецот како го ранил директорот на училиштето. Иако ранет во раката сепак, директорот се обидел да ги смири напаѓачот и ситуацијата во целина. “Беше неверојатно мирен.

Бев многу далеку, за да слушнам што зборува, но остана мирен, дури и кога беше погоден. „И откако куршум го погоди во раката, тој продолжил да се обидува да ја смири ситуацијата, да ги смири напаѓачот “, раскажа Томас. Според зборовите на Томас, учениците при нападот плачеа од страв. Тој додаде дека веднаш го препознал напаѓачот, како свој соученик. Томас уште посочил дека стрелец гледал многу “чудни воени видеа”.