При воздушни напади во северозападниот дел на Сирија загинале повеќе од 40 лица. Повредени се стотици други.Погодена била џамија во контролирана од бунтовниците населба во близина д о Алепо, пренесе “Ројтерс”.

Многу луѓе биле блокирани под урнатините на зградата. Агенцијата цитира податоци на лондонската набљудувачка организација Сириска опсерваторија за човекови права.
Џамијата била бомбардирана, додека била полна со верници за вечерна молитва. Според очевидци за време нападот во џамијата имало околу 300 верници
Војната во Сирија зеде 300 000 жртви од 2011 година наваму. Милиони побараа спас далеку од својата земја.